Навреме затворени гласачките места во Општина Струга

Од:

Во Општина Струга навреме заврши изборниот процес и сите избирачки места се затворени точно во 19:00 часот, информираат од Општинската изборна комисија.

Жителите од оваа општина денеска избираа градоначалник помеѓу Владо Кочоски од коалицијата „Заедно за Струга“ и Зијадин Села од Демократската партија на Албанците.

Изборниот процес, помина главно во мирна, фер и демократска атмосфера, но текот на денешниот ден, Секторот за внатрешни работи од Охрид регистрира две прекршувања на изборниот процес. Се работи за две избирачки места во струшкото село Радолишта каде е забележано дека 24-годишен албански државјанин се обидел да гласа со македонска лична карта, а во другото гласачко место бил отстранет набљудувач од ВМРО-ДПМНЕ од страна на избирачкиот одбор.

Во првиот круг од локалните избори што се одржа на 24 март, во Општина Струга своето право на глас од вкупно 56.341 граѓани го остварија 35.545 избирачи. Кандидатот за градоначалник од коалицијата „Заедно за Струга“ Владо Кочоски освои 14.497 гласови или 41,11 проценти. На Зијадин Села од Демократската партија на Албанците, довербата му ја дадоа 11.415 избирачи.

Албанци кои живеат во дијаспората, за да гласаат во првиот круг, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ пристигнаа со девет чартер-летови од Швајцарија.

Во денешниот втор круг доминираа Македонците од дијаспората. Македонската заедница во Швајцарија деновиве преку социјланите мрежи организираше бесплатен авионски лет од Женева до Република Македонија за сите кои сакаат да гласаат во нивните родни места. Во текот на вчераниот ден и денеска пристигнаа неколку чартери од Швајцарија, но и Италија.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“