Навивачите на солунски ПАОК: Македонија е една и е овде

Од:

Плакат со натпис на англиски јазик „Македонија е една и единствена и е овде“ (Macedonia is one and only and it’s here) поставија навивачите на ПАОК за време на вчерашниот фудбалски натпревар со холандски Ајакс во квалификациите за Лигата на шампиони.

Паното со слоганот, на трибината на стадионот „Тумба“ во Солун беше поставено пред почетокот на натпреварот и остана таму сѐ до крајот.

Станува збор за истото пано кое навивачите на солунскиот фудбалски клуб и во минатото го поставуваа на трибината кога беа домаќини, како за време на натпреварите со европски екипи, така и за време на оние од домашното првенство.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?