Навивачи од Охрид направија хаос на струшкиот стадион, повредени петмина полицајци

Од:

Петмина полицајци се здобиле со повреди расчистувајќи инцидент по втoролигашкиот натпревар меѓу екипите на Караорман и Охрид кој го предизвикале охридските навивачи. Како што информира МВР, навивачите оштетиле дел од инвентарот на стадионот.

– На 08.04.2023 околу 17.00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот. Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од Полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, информира Министерството за внатрешни работи.

Екипата на Караорман го доби „езерското“ дерби со 1-0.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби