Навивачи на Металург каменуваа автобус

Од:

Доцна синоќа околу 23 часот возач на автобус на ЈСП пријавил дека на автобуската постојка на булеварот „Александар Македонски” во Скопје повеќе непознати лица фрлале камења по неговиот автобус.

Скршено е задно стакло од автобусот што сообраќал на линија бр. 66 кон селото Бучинци.

Полициските службенициведнаш го фатиле 26-годишниот С.С. кај кого била пронајдена и одземена една дрвена палка.

Од извршениот разговор со возачот на автобусот како и со приведеното лице е дознаено дека станувало збор за група навивачи на ракометниот клуб „Металург“ кои со камења фрлале по автобусот во кој пак се превезувале навивачи на РК „Вардар“.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари