Наумов: Во Програмата се обврзуваме, граѓаните ќе контролираат како се трошат нивните пари

Од:

Во Кисела Вода денеска е претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов кој заедно со претседателката на Комисијата за земјделство, Татјана Прентовиќ ги презентира мерките од Програмата на СДСМ и ги слушна проблемите на граѓаните од овој дел на Скопје.

-На Македонија и е потребна отчетна власт којашто на транспарентен начин ќе ги собира и ќе троши парите на граѓаните. Ќе овозможиме целосна контрола од самите граѓани врз трошењето на народните пари. Сите трошења на министрите и државните функционери ќе бидат јавно објавени и граѓаните ќе можат да проверуваат постојано како се трошат нивните пари, објасни Наумов за тоа како одговорната и транспарентна власт којашто ќе има чест да ја предводи СДСМ ќе води грижа за парите на граѓаните.

Тој со граѓаните зборуваше за праксата на криминалната власт којашто во 10-годишното владеење злуопотребила околу 30 милијарди евра народни пари, преку 10-те нетраспарентни буџети.

naumovKV (2)

-Со тоа ги осиромашија граѓаните, а со нарушувањето на правната држава дополнително ја оддалечија Македонија од Европа и НАТО, рече Наумов.

Граѓаните реагираат на медиумската контрола од страна на власта.

„Од контролираните медиуми што ги шират лагите на Груевски сме спречени да ги слушнеме мерките од Програмата на СДСМ. Македонската телевизија ние ја плаќамеме, а брутално манипулираат и лажат. Тоа е недозволиво“, зборуваат граѓаните, соопштуваат од СДСМ.

Тие се пожалија и на постојани притисоци за наплата на радидифузна такса од повеќе членови на исто семејство и на блокирани сметки поради радиодифузната такса.

-Радиодифузната такса којашто Груевески и неговите послушници ја злоупотребија за да вршат притисоци и врз најранливите категории на граѓани, уште во првите 100 дена власт ќе ја укинеме. Додека постојано ги блокираат сметки на граѓаните и делат извршни решенија за радиодифузна такса, јавниот сервис на власта, МТВ, ја зголемила наплатата по основ на радиодифузна такса на 10 милиони евра, а истовремено ги зголемила и своите долгови по основ на даноци од над 2 милиона евра. Граѓаните повеќе нема да плаќаат радиодифузна такса кога одговорната власт ќе ја предводи СДСМ, а МТВ ќе се финансира од буџетски средства и повторно ќе биде сервис на граѓаните, рече Наумов.

naumovKV (3)

Претседателката на Комисијата за земјделство, Татјана Прентовиќ и претседателот на Комисијата за финансии и дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов во Кисела Вода со граѓаните оценија дека Македонија е подготвена за промени, дека тие незапирливо доаѓаат и дека ниту еден уплашен обид на Груевски тоа нема да го спречи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски