Наумоски: Победа во прв круг, имам поддршка и од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Александар Наумоски, кандидат за Градоначалник на општина Ѓорче Петров од „Сојузот за иднината“, во интервју за форумот „Воденица“ вели дека програмата ја изготвува заедно со граѓаните.

Граѓаните на Ѓорче, вели, не треба да бидат задоволни како се управуваше со Скопје и со општината.

„Не е дозволиво во Центар да се инвестираат од страна на Градот и Владата огромни народни пари, дури и да се збесне со фрлањето на пари во споменици, огради, жални врби и панорамски тркала, а во Ѓорче да ни дадат само трошки преку два кружни тека.

– Од кои едниот пред СП Планет е нефункционален и спротивен на сообраќајната наука со споменик кој го ограничува видикот. Во исто време, Градоначалникот на Ѓорче да даде 1.200.000 Евра за споменикот на кружниот тек, а граѓаните на Волково, на улиците Пекљане, Гостиварска, Рамиз Садику и многу други да газат во бразди од кал.

– Општината да има буџет од 7,5 милиони Евра и се досега се прави со самопридонес. Пример, 500 Евра треба да платат жителите на Волково, К.Јабука и Стопански двор за фекална канализација, а во Ново Лисиче платија по 1800 денари. Некои дури и платиле, а немаат канализација. Само заради овие неколку причини ѓорчевци не треба да бидат задоволни како се управуваше со Градот и со општината претходните 4 години, а има уште многу. Во Ѓорче нема инвестиции и нови работни места, згасна спортот, нема организиран забавен живот за младите, според мене младите се тие кои ќе ги казнат на следните локални избори во Ѓорче“, вели Наумоски.

Изборната програма предвидува неколку крупни и стратешки проекти, но сепак реални и изводливи. Главните стратешки проекти ќе бидат, гасификација на општината, директна помош во администрирањето на легализацијата преку ангажирањее на правници во сите месни заедници кои ќе им бидат достапни на граѓаните со совети за комплетирање на документацијата за легализација.

Ѓорче асфалтирано и без септички јами, итно обезбедување на неопходната инфраструктура во индустриските зони особено покрај заобиколницата, за директни инвестиции во правец на брз локален економски развој и вработување на младите.

Крајно, конкретна стратегија за развој на спортот, ФК Македонија задолжително во прва лига, несебична поддршка на вториот фудбласки клуб Спик Волково, директна помош во враќање на ѕвезедените моменти на женскиот и ракометниот клуб, формирање на други спротски клубови од други спортови. Практично, да се врати спортскиот сјај на Ѓорче Петров, кој го красеше во минатото.

Наумоски е вистински ѓорчепетровец

„Тренирав кајак на Ласта, играв баскет по маалските кошеви и за основно училиште, се капевме на састав и скокавме од чаталот на Треска, на Лепенец одевме и одиме по риба, во Волково јававме коњи на хиподромот и во Кучково одиме за викенди на излети и на пешачење.

– Односно, јас сум 100% од Ѓорче и за мене проблемите и развојот на Ѓорче нема да познаваат партија, за мене Ѓорче е една партија. Иако сите кандидати доаѓаат од некоја политичка партија, локалните проблеми не познаваат идеологија и партиска директива и послушност, тие треба да се решаваат, посветено и во соработка со сите граѓани“, вели Наумоски.

Убеден е во победа во прв круг. Изненаден ешто многу симпатизери и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ отворено му даваат поддршка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски