Наумоски бара јавно извинување од Курир и од Нетпрес

Од:

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од „Сојузот за иднината“ Александар Наумоски бара извинување од порталите „Курир“ и „Нетпрес“ за објавената информација дека тој се обидел да го нападне градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Демантираме дека кандидатот за градоначалник Александар Наумоски се обидел да ги нападне Коце Трајановски и Сокол Митровски како и дека бил во алкохолизирана состојба. Од видеото поставено на Јутјуб, очигледно е дека Наумоски разговара со Трајановски и води дебата пред насобраните граѓани. Бараме јавно извинување од порталите Нетпрес и Курир. Во спротивно ќе треба да се соочат со тужба за клевета и навреда согласно позитивните законски прописи. На суд ќе треба да докажат дали Наумоски бил во алкохолизирана состојба и дали симпатизери на СДСМ се обиделе да го нападнат Коце Трајановски“ – велат во писмено соопштение од Центарот за комуникации на ОО СДСМ-Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?