Научно-експертска конференција за безбедносните предизвици

Од:

лубот на генерали, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста денеска организираат научно-експертска конференција на тема „Актуелни безбедносни предизвици“.

На конференцијата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети од сферата на безбедноста и одбраната, посветени на глобалните, регионалните и македонските перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Зедничката идеја и цел на Клубот на генерали, Балкански форум и Здружението на ветерани е врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста да се даде поглед за патот на натамошната изградба на системот за безбедност на Македонија во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и одбраната и во создавањето услови за одржлив развој, зацврстување на довербата и соработката во регионот.

Според организаторите на конференцијата, значаен очекуван резултат е дека авторитетите, експертите и научниците кои се занимаваат со безбедноста и одбраната ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на безбедносните состојби, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната безбедност.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска