Научна академија „100 години Букурешки договор“ во Прилеп

Од:

Во организација на здружението „Басилеј“ и Светскиот македонски конгрес во Прилеп беше одржана научна академија „100 години Букурешки договор“. Според дел од учесниците на  научната академија, Букурешткиот договор не постои, бидејќи е направен од туѓинци, македонска земја е поделена, за која може да одлучуваат само Македонците, а нивниот потпис не е ставен на тој договор.

Одговорноста на нас Македонците, без оглед од која религиозна, верска, политичка, каква било опција и да припаѓаме е денеска оваа Македонија да ја сочуваме, да го сочуваме нејзиниот идентитет, границите, јазикот и културата- рече Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонци со исламска религија.

Меѓу другото, на оваа академија беше речено дека и по еден век од потпишувањето на Букурешкиот договор последиците не се суштиниски променети во односите меѓу балканските држави и Македонија.Таквите состојби ќе траат уште многу долго време.

На научната академија беше донесена и Резолуција со која се прогласува за неважечки Букурешкиот договор и којаќе биде испратена до амбасадите на САД и на Русија, како и на европските држави што имаат свои претставништва во Македонија.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он