ВИДЕО: Натрапници три дена правеле журка во манастирот Света Недела

Од:

Крадци украле 10 килограми свеќи откако три дена се гоштевале во Манастирот Света Нeдела во близина на светинколско Ранчинци. Настанот го откриле намесниците на црквата, кои ги пречекале скршени катаници. Кога ја отвориле вратата внатре ги дочекале остатоци од вистинска гозба.

Мирисало на алкохол и мезе. Бидејќи во објектот немало ништо вредно веселата дружина си заминала со малку пари и 10 килограми свеќи.

„Невообичаено е што се украдени свеќи, обично крадците не ги земаат тие обично крадат бакар или пари, или железо. А во овој случај пленот им се десет килограми свеќи што не можат да ги продадат по вистинската вредност, па и на црната берза би добиле можеби 5000 денари, што значи дека огромна штета на Манастирот направена, а крадците со кратки ракави“, вели протојереј Николче Ѓорѓев од Брегалничката епархија.

Кражбите во црквите во Источна Македонија не се реткост. Се краде се и сешто. Во последните години нема поголеми кражби на икони, но затоа ситните крадци за ќар од 50 прават штета од илјадници евра. За еден месец само свеќарницата во Соборниот храм Свети Никола во Штип била обиена трипати.

„Штетата е голема, еве вратата се искрши, викав мајстор, па швајцувавме и правевме, за празниците три кражби за еден месец“, вели Љупчо Јанев, свеќар во Соборниот храм Свети Никола во Штип.

Полицијата го истражува последниот случај во Манастирот Света Недела во село Ранчиници. Останува без одговор како тоа три дена никој ништо не чул за журката во манистирскиот простор. Но за тоа последниот случај уште еднаш го отвори прашањето колку се безбедни православните храмови, граѓаните коментираат дека освен Господ, редно е православното богатство да го чува уште некој.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска