А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НАТО: Во согласност со барањата на претседателот, сега се собрани доволно потписи

by А1он26/02/2017 - 17:2384
Share0

Северно-атлантската алијанса денеска излезе со соопштение по повод последните политички настани во Република Македонија, барајќи одржливо решение за излез од долготрајната политичка криза во земјата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Исто како и еврокомесарот Јоханес Хан во текот на вчерашниот ден, и НАТО бара доделување на мандатот за составување на Влада на лидер на партиите што имаат собрано доволно потписи за состав на нова Влада.

– На самитот во Варшава во јули 2016 година, НАТО ги повика сите политички лидери во БЈР Македонија за целосно спроведување на обврските од договорот од Пржино, како рамка за одржливо решение на политичката криза. Декемвриските избори во 2016 година беа забележани од страна на меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавање на кризата. Тие беа оценети дека се добро организирани и без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, сега е објавено дека, во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи на пратениците, се наведува во соопштението на НАТО.

Од Северната Алијанса, во овој контекст, посочуваат дека очекуваат од властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес.

– Ги повикуваме сите страни да се воздржат во своите изјави и дејствија и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани. НАТО останува посветен на членството на БЈР Македонија во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и сојузничките изјавите дадени на следните самити на НАТО, се завршува во соопштението на Алијансата.

nato

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:10

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:39

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 21:1226/01/2026 - 21:18

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски23/01/2026 - 09:2923/01/2026 - 09:43

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Горан Наумовски22/01/2026 - 16:50

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен