НАТО реоценување Ниво 2 на средна пешадиска батаљонска група на АРМ

Од:

Над 1.700 војници и технички персонал ќе учествуваат на вежбата „Македонски блесок-13“ која преставува извежбување и НАТО реоценување Ниво 2 на средната пешадиска батаљонска група (спбг) и ренџерската чета.

Како што информираше директорот на вежбата полковникот Блаже Николовски „Македонски блесок-13“ е ситуациска тактичка вежба со единици на терен, каде покрај оценувачкиот процес ќе се изврши оценување на декларираните единици при изведување на операции за поддршка на мирот со примена на стандардните оперативни процедури на НАТО. Оперативната процедура е согласно Концептот за оперативни способности преку кој се оценува можноста за упатување на единици во меѓународни мировни мисии предводени од НАТО.

-Вежбата преставува фиктивно сценарио кое е креирано врз основа на реалните закани кои се случуваат во поширокиот регион, а се со цел да се промовира борбената готовност на декларираните состави за операции управувани од НАТО, појасни Николовски.

Вежбата ќе се реализира во четири фази кои опфаќаат индивидуална и колективна обука, планирање на одговор на кризи, фаза на извршување и фаза на анализа и проценка.

Од АРМ информираа дека по завршувањето на евалуациската вежба, на 9 октомври 2017 на армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализира и вежбата „Засилен механизиран пешадиски батањон во напад“ на кој ќе учествуваат пешадиската батаљонска група и ренџерската чета, а има цел да се покаже борбената готовност на единиците во АРМ.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски