Наставно научниот и уметничкиот совет на ФДУ не ги прифаќа резултатите од изборот на студентски лидер

Од:

Наставно-научниот и уметнички совет на Факултетот за драмски уметности во Скопје ги поддржува заложбите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за институционално справување со состојбите настанати како резултат на случувањата за време на изборите за претседател на СПУКМ на 30.06.2016 година.

Со намера да придонесе во насока на што поскоро разрешување на настанатата ситуација, ННУС на ФДУ Скопје бара задолжително да бидат земени предвид следниве заклучоци:

1. Најостро го осудуваме скандалозниот начин на кој беа организирани и спроведени изборите за претседател на СПУКМ, спротивно на сите процедури, норми и критериуми за одржување фер и демократски избори. Оттаму, ННУС на ФДУ Скопје не ги прифаќа резултатите од вака спроведените избори;

2. Согласно горенаведеното, учеството на претставниците на постоечкиот Студентски парламент во понатамошната работа и одлучување во телата и органите на УКИМ за нас е недозволиво. Затоа, од раководните лица и органи на УКИМ бараме:

Суспендирање на учеството и одлучувањето на претставниците на СПУКМ во соодветните тела и органи на УКИМ, сè додека не се извршат статутарни измени што ќе овозможат одржување регуларни избори за студентски претставници;

Да се стопира финансирањето на СПУКМ до разрешувањето на настанатата ситуација;

3. Бараме да се лоцира одговорноста за присуството на надворешни лица на територијата на УКИМ кои употребија насилство врз студентите на УКИМ. Инстистираме на правна одговорност на оние кои наредија вмешување на Специјалните полициски единици на МВР на РМ и употреба на прекумерна сила врз студентите на УКИМ.

Би можело да ве интересира

СПУКМ: Предложениот закон ја урива студентската автономија

Ана Ололовска

Студентски Пленум: УКИМ се обидува да ни протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Референдум: Над 2.000 студенти побараа контрола на парите на Студентскиот парламент

А1он

ВИДЕО: Денеска студентите решаваат за судбината на СПУКМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со референдум студентите ќе се обидат да воспостават контрола врз Студентскиот парламент

А1он

ВИДЕО: Нападнати екипите на А1он и ТВ 21 на објектот спроти МНР

А1он