Наставниците и воспитувачите од Карпош сакаат да се надградуваат

Од:

Денеска, во просториите на ЈУОДГ „Распеана младост“ се одржа трибина на тема „Воспитувач и наставник во современи услови“ во организација на раководството на градинката, а со поддршка од Општина Карпош и од Бирото за развој.

Гости на тематската расправа беа градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претставници на Бирото за развој, членови на Управниот одбор и на Советот на родители на градинката, претставници од другите градинки во Општина Карпош, како и претставници на педагошките факултети од земјава.

Расправата ја отвори директорката на ЈУОДГ „Распеана младост“, Ели Грибовска, која истакна дека соработката со Општина Карпош и со другите градинки на нејзина територија е на завидно ниво, како и соработката со родителите и со другите институции што се инволвирани во процесот на образованието и воспитувањето на децата.

Во тематската расправа се вклучија проф.д-р Јелица Николовска, проф. д-р Лена Димовска, проректор на Филозофскиот факултет, проф. д-р Атанас Николовски, како и претставници на градинките од Општина Карпош. Меѓу другите заклучоци што произлегоа од расправата беше истакнато и тоа дека кадарот на градинките во Општина Карпош е извонредно добро подготвен за секојдневната работа и за предизвиците што ги носи таа. Сепак има потреба од надградување на полето на интеркултурното образование, инклузивното и интерактивното воспитување, како и во други области што ги наметнува современиот тек на живеењето.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски