Наставничкиот пленум излегува на протестен марш

Од:

По масовниот протест на средношколците против реформите во средното образование, денеска, на улица излегуваат и наставниците.

Наставничкиот пленум најавува мирен протест напладне за, како што велат, враќање на довербата кон образовниот систем.

Наставниците од Министерството за образование и наука бараат укинување на наградите за екстерното тестирање, ревидирање на системот за професионален развој и укинување на државната матура.

Според нив треба да се воведе приемен испит на самите факултети, со цел избегнување на бројни недоследности и нерамноправен пристап на матурантите во делот на задолжителни и изборни предмети како дел од државната матура, како и укинување на инспекциските органи во образовниот систем, а јакнење на советодавни тела.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз