Наставнички пленум: Уште една подлост на господата од МОН

Од:

Наставничкиот пленум објави писмо во кое јавно ја изразува својата поддршка за Средношколскиот пленум, во кое меѓу другото им порачуваат „Заедно сме посилни“. Го пренесуваме писмото во целост:

Тој што не знае, а знае дека не знае, дете е – научете го! Тој што не знае, а не знае дека не знае, опасен е – избегнувај го! Тој што знае, а не знае дека знае, заспал – разбудете го! Тој што знае, а знае дека знае, мудар е – следете го!

Конфучиј Одлуката којашто денеска е донесена е противуставна. Имено, оваа одлука е дискриминирачка за учениците од природно-математичкото и јазично-уметничкото подрачје во однос на учениците од општествено-хуманистичкото подрачје. Со оваа одлука практично на учениците од природно-математичката и јазично-уметничката насока им е оневозможен изборот (едните имаат математика, другите странски јазик како втор задолжителен предмет), додека за учениците од општествено-хуманистичкото подрачје вториот предмет на матура е изборен. Според Наставнички пленум е недозволиво ученици од исто училиште (гимназија) да полагаат матура под различни услови.

И претходната одлука со која за гимназијалците математика беше задолжителен предмет на матура, а за учениците од стручните училишта не, беше исто така дискриминирачка, но ова сега е врв на непромисленост и немање основна концепција. Ученици наши! Денес повторно се обидоа да ве изиграат. Дали им успеа? Дали сте изиграни? Уште една подлост на господата од МОН! Но овој пат видовме подлост и од вашите соученици, од членовите на Средношколската унија кои знаеме дека не ги застапуваат своите интереси и се продолжена рака на оние кои намерно или ненамерно ни го уништија образовниот систем. Средношколска унија не е активна од 2013 година.

Како наеднаш за два дена откако се појави, издејствува средба со Раководството на МОН? Но, вие, членовите на Средношколскиот пленум, знаете да се борите и ќе се изборите, зашто вие сте паметни, размислувате, имате цел во животот и не сте ничии поданици. Вие сте денес мудрите, вие сте тие што знаете дека знаете, а ние сме вашите поддржувачи и следбеници. Да ние вас ќе ве следиме. Вашата мудрост е во вашата храброст и ум да се спротивставите на заспаните и оние другите што не сакаат да ја видат и слушнат вашата свест и разумност. Ние само можеме да се гордееме со вас. Иако ние сме учителите во училиштата, вие сте нашите учители од животот зашто ни ја будите надежта, ни го враќате младешкиот елан и вербата дека навистина заедно сме посилни! Имате несебична и безрезервна поддршка од вашите наставници од Наставничкиот пленум. Доста беше молк! Заедно сме посилни!

Со почит, Наставнички пленум

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Јаневска: МОН направи анализи и не очекуваме наставниците да останат без часови

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

ВМРО – ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците

Училишните клупи празни, наставничките канцеларии преполни, велат од Левица

Горан Наумовски