А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

by А1он01/11/2025 - 13:352011
Share0

ОВР Кавадарци, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето. Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги.

На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги.

hronikamvr

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:13

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:03

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 12:17

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 14:00

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто