Наставата во сите централни и подрачни училишта во Општината Дебрца ќе се одвива со физичко присуство на учениците.
На послоедната седница на Владата било разгледувано повтореното барање доставено од Општина Дебрца по што била дадена согласност наставно-воспитниот процес да се одвива со физичко присуство на учениците од шесто до деветто оддделение и во подрачните училишта во Требеништа и во Мешеишта.
Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески појасни дека Советот на општината на последната седница ги усвоил измените на Буџетот на општината за 2020 година, при што средствата наменети за регрес за годишен одмор за вработените во општинската администрација и за набавка на огревно дрво за училиштата да се пренаменат за обезбедување ИТ-опрема за училиштата и учениците од социјално ранливи семејства. Огревно дрво општината обезбеди со добивањето донација на дрвото кое го сече по делницата на автопатот А2 во изградба,
Ногачески повтори дека заложбата на општината е да се обезбеди квалитетно и достапно образование за сите ученици и во новонастанатата состојба предизвикана од КОВИД-19.