Настапите на младите оратори првпат ќе се пренесуваат во живо

Од:

Финалето на традиционалните ораторски вечери „Иво Пухан“ ќе се одржи вечер на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а настапот на младите говорници годинава по првпат ќе се пренесува во живо.

Преку новата интернет-страница klubnaoratori.mk, јавноста ќе може да ги проследи случувањата од свечениот Амфитеатар. Настанот и лајв-стримингот ќе почнат во 18 часот.

– На Ораторските вечери годинава ќе настапат 14 оратори, повеќето студенти од Правниот, но имаме гости и од Економскиот и од Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Кандидатите имаа можност да пишуваат говори по слободен избор, но и на зададени теми: „Правото како вештина на доброто и правилното“, „Медиумите и спинувањето“ и „Политичка култура“. Особено ни е мило што годинава новитет е нашата нова интернет-страница, klubnaoratori.mk, на која што целиот настан ќе може да се следи во живо, изјави Борјан Топуковски, претседател на „Клуб на оратори – Скопје“.

Натпреварите по јавно говорење, инспирирани од вештините во оваа област на професорот по римско право, д-р Иво Пухан, годинава ќе се одржат 18-ти пат. Покрај главните награди обезбедени од покровителот на манифестацијата, годинава ќе бидат доделени уште две признанија: наградата „Бранко Ѓорчев“ за најдобар ораторски настап,  во чест на актерот кој долги години беше дел од тимот што работеше со говорниците, како и стипендија за учество на еден од најголемите европски ораторски форуми во Алпбах, Австрија.

Би можело да ве интересира

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Факултетите денеска почнуваат со настава

Катерина Ѓуровски

Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“

Ана Ололовска

Прв академски час на факултетите

Ана Ололовска

Факултетите на УКИМ ќе објават ранг-листи на пријавени кандидати според успехот во средно образование

Ана Ололовска