ВИДЕО: Наскоро нов лик и за улицата „Васил Ѓоргов“

Од:

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до булеварот „Мајка Тереза“ (улицата „Водњанска“). На овој потег, ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот на должина од околу 1.000 метри, обнова на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекција на крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“.

Улицата „Васил Ѓоргов“ е 13 реконструкција што ја почнува Градот Скопје во оваа градежна сезона, а дел од сообраќајниците што веќе се реконструираат влегуваат во финалната фаза.

– Сакам да се заблагодарам на граѓаните на Скопје за разбирањето, зашто ова што го прави Градот Скопје на крајот на летото и на почетокот на есента е од вистински интерес токму на граѓаните. Метежот ќе заврши, а потоа, за неполн месец, на сите локации каде што работиме ќе добиеме целосно обновена или нова инфраструктура. Скопје нема алтернатива освен да ја подобри инфраструктурата зашто безбедноста во сообраќајот, а особено безбедноста на пешаците и на велосипедистите, е примарна за секој од нас, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

За реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ ќе се вложат околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 45 дена.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања