Наскоро ќе биде промовирана единствената национална платформа за онлајн настава

Од:

Единствената национална платформа на која ќе се одвива образовниот онлајн процес ќе биде промовирана наскоро, најави министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа истакна дека институцијата со која раководи интензивно работи и на воведување комбиниран модел согласно кој училиштата ќе можат брзо да се прилагодуваат и за онлајн настава, но и настава со физичко присуство.

– Она на што веќе го работам изминатите десеттина дена како итно и неодложно е воведување е воведување комбиниран модел за настава што дава можност за брзо прилагодување на училиштата за настава со физичко присуство и/или онлајн настава, како и за започнување на учебната година на 1 октомври. Ппандемијата со КОВИД-19 покажа колку е важно образовниот процес и систем да се менува и приспособува и осовременува постојано и токму тоа го правиме денес. Наскоро пред јавноста ќе биде промовирана единствената национална платформа за онлајн учење, рече Царовска на денешната прес-конференција.

Таа истакна дека во земјава првпат ќе има ваква платформа која, како што потенцира, ќе биде едноствна за користење со двонасочна комуникација и направена на основа на добри практики.

– Таа ќе биде лесна за користење и за наставниците, учлениците и родителите, но и од страна на образовните институции. Ќе се користи и во врене на ковид и но секако ќе биде важно да се појавува како поддршка на учењето во училница понатаму и надвор од неа, истакна министерката за образование и наука.

Досега 36 училишта, од кои 15 се средни и 21 основно, поднеле барања за дозвола да организираат настава со физичко присуство. Денеска истекува докот за доставување на барањата, кои ги разгледува владина комисија, по што ќе даде конечна оценка дали можат да огранизираат настава со физичко присуство согласно здравствените протоколи за фунционирање во време на КОВИД-19 пандемија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови