Насилно отстранети столпчињата кај ООУ„Војдан Чернодрински“

Од:

„Насилно се отстранети заштитните столпчиња, долж тротоарот, кај Основното училиште „Војдан Чернодрински”, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен).

Овие столпчиња се поставија по барања на повеќе заедници на сопственици – граѓани, од различни згради од овој дел на Карпош, со цел тротоарите да бидат безбедни и слободни за движење за најмладите“, соопштуваат од Општина Карпош.

„Повикуваме уште еднаш, да престане свесното уништување на урбаната опрема, со што се прави директна штета за населбите, но и на Буџетот на Општина Карпош.

Во изминатиот период, на територија на Карпош бевме сведоци на свесно уништување на новиот летниковец во Влае, реквизити на детското игралиште во Тафталиџе 2, новопоставени корпи за отпадоци и клупи во Карпош 3 и Карпош 4.

Секој оној, кој ќе продолжи со насилството и вандализмот, мора да биде санкциониран!“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски