Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Од:

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело насилство врз дете и шест кривични дела напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

„Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што најпрво почнал да ја навредува, а потоа со метален предмет ја удрил по главата. Кога детето паднало на земја тој започнал да ја влече по улицата. Кога родителите на девојчето пријавиле во полиција, шестмина полициски службеници пристигнале на лице место, но осомничениот им се заканувал дека ќе ги нападне со секира и тесла кои ги држел во рацете. Со опасните орудија започнал да се приближува кон полицајците и не застанувал на дадените наредби да запре, по што полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Осомничениот се дал во бегство и бил недостапен два дена.

По неговото приведување во полициска станица, осомничениот продолжил да им се заканува на полицајците, поради што обвинителот оцени дека постои реална опасност тој да ги доврши кривичните дела доколку биде пуштен да се брани од слобода. Исто така, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор и поради опасност од бегство“, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе