Насилник од Скопје физички нападнал малолетници

Од:

На 9.9.2022 во 20 часот на бул.„Србија“ полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје. Имено, тој претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници.

М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници

Уапсен е 24-годишен насилник од Скопје кој со метална цевка истепа полицаец

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

Кавадарчанец ја нападна сопругата, па постави ГПС локатор во нејзиното возило

А1он

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Гостиварец му се заканувал на судија, насилникот заработи обвинение