Насилници нападнале семејство во Берово, синот го истепале, татко го грабнале

Од:

МВР извести дека пред два дена полициски службеници во беровското место викано „Линако“ го уапсиле О.К.(33) од Берово.

„Околу два часот во семејната куќа на Д.Т.(67) и Д.Т.(41) во Берово, татко и син, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, О.К.и Б.К.(30) со употреба на сила влегле и физички го нападнале синот, при што употребиле остар предмет, а таткото го однеле со возило. Полициски службеници по преземени мерки и активности го пронашле Д.Т.(67)“, извести МВР.

Извршен е увид, запознат е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

Најмногу дожд наврна во Берово

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка