Насилен скопјанец и се заканувал на поранешната сопруга и на полицајците кои дошле да го апсат

Од:

Триесет и петгодишен скопјанец е уапсен откако ѝ се заканувал на поранешната сопруга, а потоа бил и агресивен кон полицајците кои биле повикани.

Од МВР велат дека вчера околу 20.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал го уапсиле Ј.Д.(35) од Скопје затоа што упатил закани кон неговата 34 – годишна поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кај него биле пронајдени два ножа.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски