Насер Селмани: Ако не, дајте ни и униформа

Од:

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани е запрепастен од барањето на некои новинари да се воведат лиценци за новинарите, и е разочаран од начинот на кој што се води денешната јавна расправа за Законот за медиуми во организација на Министерството за информатичко општество во „Холидеј ин“ во Скопје.

Тој му се обрати на министерот за информатичко општество Иво Ивановски дека не е коректно министерот да тврди дека новинарските организации кои ја бојкотираат расправата не доставиле забелешки за законот.

Може да ги обвиниме странците, може да тврдиме дека е заговор, дека ни вршат притисок за името, но реалноста е поинаква. Тој што ги прочитал препораките знае кои се стандардите и дека прашањето е во тоа да ли ќе се гарантира плурализмот или не. Запрепастен сум што новинари бараат да се лиценцираат. Па ајде воведете и униформа за новинарите и по можност некоја трака. Зошто не е транспарентен податокот колку пари Владата троши во медиумите што е одговор од јавен интерес – праша Селмани.

Тој нагласи дека ЗНМ е против регулација на печатот и на интернет медиумите.

Би можело да ве интересира

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он