А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

by А1он30/06/2020 - 11:44249
Share0

Народната банка објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Следете a1on на Instagram Instagram

Право за учество на Конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Немаат прво на учество вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка.

Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празните места (без фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, апстрактот, библиографијата, анексите).

Се препорачува да има стандардна структура на научно истражување, коешто содржи апстракт, како и назначување на областа на истражување според стандардната класификација (Journal of Economic Literature – JEL), осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува, опис на методите на истражување коишто се користат во трудот, анализа, заклучни согледувања и библиографија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд коишто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2019 година. При поднесувањето труд којшто веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, по електронски пат, во формат „word“, на е-адресата: [email protected]. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик, а еден автор има право да поднесе само еден труд.

Изборот на најдобар труд го врши Одборот за оценување, кој се состои од тројца членови, од кои најмалку еден е лице кое не е вработено во Народната банка.

Гувернерот на Народната банка ги назначува претседателот и членовите на Одборот за оценување, со решение коешто ќе се објави на интернет-страницата на Народната банка. Одборот за оценување го врши изборот на најдобар труд анонимно, без притоа да поседува информации за имињата на авторите и нивни биографии.

Критериуми врз основа на кои ќе се вреднуваат трудовите е релевантност на истражуваното подрачје за македонскиот случај, соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје, јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето, соодветност на описот на контекстот и информациите (соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија), соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап, конзистентност и логичност на тезите во трудот и заклучоци и препораки и нивна соодветност.

Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2021 година.

Наградата е во парична форма, којашто за првонаградениот труд изнесува 100.000 денари, додека втората награда изнесува 50 000 денари.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.

nbnbrm

Би можело да ве интересира

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 10:02

Во мај пад на просечната каматна стапка кај кредити и кај депозитите

Катерина Ѓуровски30/06/2026 - 14:03

За три месеци надворешниот долг порасна за 742 милиони евра

Катерина Ѓуровски24/06/2026 - 13:51

Величковски: Дигиталните плаќања треба да бидат едноставни како примање порака на телефон

Горан Наумовски18/06/2026 - 11:5218/06/2026 - 11:52

НБРМ: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:54

Народна банка: Годинава инфлација од 4% и раст на БДП од 3,5%

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 12:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео