Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Од:

Народниот правобранител синоќа во Скопје одбележа – 25 години од востановувањето на институцијата и 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за правата и слободите на човекот.

-Кога станува збор за одбележувањео на 25-годишнината од институцијата која сега ја раководам, би сакал да се навратам на нејзините почетоци, но од еден друг аспект- од аспект на нејзиното втемелување во Уставот, а потоа и донесувањето и на Законот за народен правобранител… Напуштањето на сиситемот на колективна одговорност и ставањето на граѓанинот на прво место бараше и формирање на институција која ќе ги штити неговите слободи и права и мислам дека на уставотворците тоа им беше еден од главните мотиви што во членот 77 предвидоа дека во државата мора да функционира независно национално тело за заштита на правата на грѓаните. Самиот факт што институцијата е вметната во Уставот укажува на нејзиното значење во и за општеството во целина, истакна во своето обраќање до присутните народниот правобранител, Насер Зибери.

Тој посочи дека иако е релативно млада по години, сепак институцијата е добро профилирана кај граѓаните и тие знаат каде да се обратат за заштита на своите права.

Говорејќи за развојот на институцијата низ годините, Зибери рече дека со жалење може да констатира дека државата не го следи растот на институцијата, па така неколку години се соочуваат со низа проблеми пред се поради финансиите, висината на личните примања на вработените, а исто така и дел од механизмите се уште не се ставени во законски рамки за што, како што рече, имаат забелешки и од државната ревизија, кадровската екипираност, па се до просторните услови.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во своето обраќање нагласи дека во овие 25 години на постоење и работа, Народниот правобранител се потврди како високо професионална и независна институција, која во својата работа поаѓа од принципите на еднаквост во заштитата на правата и слободите на граѓаните, без разлика на пол, боја, раса, вера, политичка припадност и слично и ова дава надеж.

Во овој период, како што рече Џафери, Народниот правобранител стана видлив за јавноста и ја има здобиено довербата на граѓаните во заштитата на уставните и законските права, кога тие се повредени од органите на државната власт.

-Човековите права и слободи се динамична категорија, но во исто време и многу ранлива категорија. Од ден на ден гледаме во што се претвора светот, луѓето, носителите на одлуки. И за жал, не се менува кон добро. Гледаме тотално поместување на хуманите вредности, непочитување на прифатените универзални права на живот, на слобода, на безбедност на децата, семејството. Непочитување и од потписниците на универзалните декларации. Независните институции што работат во насока на заштитата на човековите права исто така треба да се водат според Париските принципи. Потребно е морално будење, меѓу-човечка почит, рече Џафери.

Според него, оваа битка не се води само од една институција. – Заштитата на човековите права како темел на демократијата е одговорност на секој поединец, на секоја институција. Треба сите заедно да работиме на подигнување на свеста уште од основната клетка – семејството, за градење на правични и хумани општества, посочи Џафери во обраќањето.

На одбележувањето на јубилејот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој истакна дека како МВР даваат целосна поддршка и охрабрување за понатамошен проактивен пристап на постапки кои значат елиминирање на злоупотребата и на кршењето на човековите права.

-Притоа одбележуваме и 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Обединетите Нации во 1948 година – прв правен документ кој го поставува постулатот дека фундаменталните човекови права мора да се универзално заштитени, затоа што нѐ засегаат сите нас, без разлика на нашата националност, пол, етничка припадност, боја, религија, јазик или друг статус, рече Спасовски.

Во овој контекст, министерот за внатрешни работи посочи дека една од главните функции на полицијата во секое демократско општество е заштита на слободите и правата на сите граѓани, а МВР како раководство презема обврска за комплетна професионализација на полицијата, преку целосно почитување на човековите права при полициското постапување и критериумите на законитост, сразмерност и недискриминација, полиција во служба на граѓаните.

Народниот правобранител синоќа во Скопје одбележа – 25 години од востановувањето на институцијата и 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за правата и слободите на човекот.

-Кога станува збор за одбележувањео на 25-годишнината од институцијата која сега ја раководам, би сакал да се навратам на нејзините почетоци, но од еден друг аспект- од аспект на нејзиното втемелување во Уставот, а потоа и донесувањето и на Законот за народен правобранител… Напуштањето на сиситемот на колективна одговорност и ставањето на граѓанинот на прво место бараше и формирање на институција која ќе ги штити неговите слободи и права и мислам дека На одбележувањето на јубилејот присуствуваа и министерот за правда Кренар Лога, омбудсманката на Хравтаска Тена Шимоновиќ Ајнвалтер, австрсскиот омбудсман Јоханес Карениел, претставници од дипломатскиот кор, од судството и од невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници

Вработените во Народното правобранителство најавуваат протест за следната недела