Народен правобранител: Децата да не бидат цел на манипулации

Од:

Народниот правобранител во денешното соопштение изразува загриженост за обидите за инволвирање деца во протестите организирани во повеќе градови во Македонија.

– Истовремено најостро ги осудува настапите на раководни лица во училиштата поради што ги повикува училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки спрема лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Ваквите настапи, како што е посочено, се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието-училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес.

– Народниот правобранител во континуитет ги следи ваквите случувања за што веќе води постапки и по сопствена иницијатива и по поднесени претставки на родители и укажува децата во никој случај да не бидат цел на манипулации и злоупотреби, имајќи предвид дека тие според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата