Народен правобранител: Бесплатни телефонски линии за повреда на гласачкото право

Од:

Во канцеларијата на Народниот правобранител утре, на денот на одржување на референдумот, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329-996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител во соопштение до медиумите потсетува на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување и смета дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по однос на ова референдумско прашање е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.

Народниот правобранител истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните да го пријават секое евентуално влијание.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321