Наредба за истрага и притвор за бугарски државјанин што криумчарел мигранти од Ирак

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, бугарски државјанин, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело криумчарење на мигранти.

– Осомничениот во текот на вчерашниот ден од користољубие, илегално пренесувал осум лица – мигранти со потекло од Ирак. Тој, со товарно комбе „форд транзит“ со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западно европските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во кровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот Е-75 пристигнал на граничниот премин „Табановце“. При контрола на возилото од страна на македонските царински службеници осумтемина мигранти биле откриени, а возачот е лишен од слобода, информираат од Основното јавно обвинителство.

Надлежниот обвинител, ценејќи дека се исполнети условите, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје доставил предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

Судијата го прифатил предлогот и со решение е определена мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Притвор за двајца битолчани кои со ножеви нападнале полициска патрола

Горан Наумовски

Судот одлучи: Осум обвинети од акцијата „Адитив“ завршија во притвор

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Притвор за тројцата осомничени кои го газеа македонското знаме

Горан Наумовски

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак