Напредокот на Македонија на дневниот ред на Европскиот парламент

Од:

Европскиот парламент попладне ќе ја разгледа Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2012 година, која треба да ја усвои утре.

Предложениот текст од страна на известувачот, британскиот европратеник Ричард Ховит е резултат на широкиот компромис постигнат во рамките на Комисијата за надворешни работи на 8 април 2013 година. Членовите на Комисијата со 39 гласа за и 13 против од вкупно 203 предложени амандмани, усвоија 20 компромисни и 50-тина други амандмани.

Текстот за кој ќе се расправа денеска, јави дописникот на МИА од Стразбур, теоретски може да претрпи измени. Европратениците имаа можност да поднесат амандмани до синоќа, но дали се поднесени засега не се знае, бидејќи таков документ нема на интернет страницата, ниту пак во дистрибуцијата на работните документи на ЕП.

Повеќе европратеници со кои контактиравме пред расправата ни рекоа дека не треба да се очекуваат некои поголеми измени на текстот усвоен пред повеќе од еден месец од Комисијата, бидејќи тој е резултат на компромис на политичките групи на ЕП, кои водеа долги задкулисни преговори пред гласањето.

Во резолуцијата за која треба се изјасни ЕП се повикува ирското претседателство со Советот на ЕУ да спроведе интензивна дипломатија за да се постигне задоволувачки исход и одлука за почеток на преговори со Република Македонија пред крајот на јуни 2013 година што ќе дозволи почеток на преговорите пред јули.

Европратениците веруваат дека почетокот на преговорите може да ја „промени играта“ со обезбедување позитивен импулс и ефикасен инструмент за натамошни реформи, подобрување на внатрешната ситуација, олеснување на меѓуетничкиот дијалог и промовирање поволни односи со соседите.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он