Направиле сообраќајка, полицијата им нашла оружје во автомобилот: одреден им е притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против еден косовски и еден македонски државјанин, кои се осомничени за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

-Двајцата, во патничко возило „Фиат браво“ со косовски регистарски ознаки, неовластено држеле пиштол марка „Црвена застава“ со една рамка во која имало четири куршуми со калибар 6.35 мм, како и пиштол „ЕRМА WERKE“. Оружјето било пронајдено на 10 октомври кога двајцата осомничени со возилото учествувале во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Во несреќата возилото излетало од патот и се превртело, осомничните со телесни повреди биле пренесени во болница, а при извршениот увид полициските службеници го пронашле оружјето во возилото, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Тетово поднесел предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифатил предлогот и им определи притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

Петмина повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми

Го тепал брат му со дрвена ногарка, го оставил да крвари и си легнал да спие

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес

Загина 26-годишник од Форино, со автомобилот излетал од пат

Катерина Ѓуровски