Направен првиот чекор за суштинска соработка помеѓу Општина Гостивар и невладиниот сектор

Од:

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ги покани на средба претставниците на сите невладини организации кои дејствуваат во Гостивар. На поканата се одѕваа речиси сите активни организации, здруженија и друштва кои се занимаваат со различни области од општествениот живот.

На средбата, претставниците на невладините организации го запозна градоначалникот со нивната работа и мисија, како и со главните активности што ги реализирале во текот на нивното функционирање. Од градоначалникот Таравари, добија гаранции дека ќе имаат целосна поддршка од него и од неговите соработници и дека ова прашање ќе се стандардизира со конкретни чекори и дејствија.

Состанокот се искористи за воспоставување на суштинска соработка помеѓу Општината и невладините организации, при што двете страни се согласија да формираат заедничко координативно тело.

Беше договорено, како претставник на Општина Гостивар да биде назначен Бесим Догани од Канцеларијата за ЛЕР и имплементација на проекти, а од невладиниот сектор извршниот директор на АДИ Лулзим Хазири, соопштуваат од општина Гостивар.

Исто така, градоначалникот Таравари се обврза дека од наредната година во буџетот на општината ќе има посебна ставка за финансиска поддршка на невладиниот сектор и дека на официјалната веб-страница на Општина Гостивар ќе се постават линкови на сите локални невладини организации .

На крајот од средбата, градоначалникот ги покани присутните пригоден коктел, при што им ги честиташе и новогодишните празници.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица