Напнато во Велес на гласачкото место 2.173

Од:

На гласачкото место 2.173 фатен е гласач кој во кутијата се обидел да пушти две ливчиња, пренесе Плусинфо.

Членовите на Општинската изборна комисија го посетиле ова место под сомнение дека се случува „бугарски воз“ и таму во моментов е мошне напнато.

На истото гласачко место фатен е гласач кој го фотографирал гласачкото ливче. И двата случаи се пријавени. На шест гласачки места во Велес утрово фалеле гласачки ливчиња. Иако членови од една партија – претставници во избирачкото место барале да се прекине гласањето, членови на друга партија не дозволиле.

По гласачките места од утрово се забележуваат возила без регистрации, со кои се возат членови на една партија и прават притисоци и агитираат по гласачките места.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?