Напнато во Струга, ОИК не ја прифаќа заедничката листа на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Општинската изборна комисија од Струга не ја прифатила заедничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Струга која двете партии ја поднесоа и покрај одлуката на Државната изборна комисија за повлекување на првичната листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа ОИК не ја испочитувала и спровела одлуката на повисокиот државен орган ДИК, велат партиски извори за А1. Листата на советници била ставена на гласање и соодносот бил 3: 2 во однос за неприфаќање на листата.

Претседателот на ОО на СДСМ во Струга Ристе Чушкоски за А1 ја потврди оваа информација. Според него несфатливо е Општинската изборна комисија во Струга да не спроведува одлуки на орган кој е над него, а тоа е ДИК.

Има проблеми во Општинската изборна комисија. Ако ситуацијата остане непроменета и ако ОИК не ја повлече одлуката и не ја прифати листата и одлуката на ДИК за повлекување на првичната листа на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе реагираме и ќе делуваме според сите законски и правни можности кои ни стојат на располагање. Несфатливо е ОИК да не ја почитува одлуката на ДИК. Со ова само се комплицираат работите и не сакам да помислам што стои зад ваквата одлука. Но се надевам има решение, рече Чушкоски.

Во просториите на ОИК во Струга вечерва атмосферата била напната.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада