Нападнати шумски полицајци во Струмица

Од:

Вчера околу 16 часот во Струмица, од страна на шумска полиција било забележано комбе натоварено со огревни дабови дрва, откако лицата кои се превезувале во комбето ги забележале, со истото се дале во бегство.

На ул. „Климент Охридски“, било затекнато горенаведеното комбе, отворено со оставени клучеви во бравата, по што двајца шумски полицајци при обид да го стартуваат истото биле попречени во намерата од страна на неколку лица, кои започнале да им се закануваат и навредуваат, при што го оштетиле комбето.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини