Нападнати полицајци на натпреварот Работнички – Куманово

Од:

Двајца полициски службеници ангажирани за обезбедување на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу Работнички и Куманово, биле навредувани и омаловажувани од група навивачи, а имало обид и за физички напад.

Како што информира МВР, настанot се случил околу 18 часот во Спортската сала во Градски парк во Скопје, а еден од напаѓачите е приведен.

Едниот од навивачите на КК Работнички, Д.А. (18) од Скопје, при обидот да биде приведен, пружал активен отпор и со тупаница удрил еден полициски службеник во пределот на лицето. Против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На повредениот полициски службеник му е укажана медицинска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“ од каде бил препратен на доплнителен преглед во Клинички центар.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР