Нападнати момчиња во Дебар, едно потешко повредено

Од:

Пет лица ноќеска, во 2:50 часот, физички го нападнале Г.Е.(20), кој бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар.

Како што информира МВР, нападот се случил на улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во 3:40 часот во Полициската станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К.(27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, а по преземени мерки приведено е и лицето К.К.(21).

Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово