Нападната старица во својот дом во Гевгелија

Од:

Старица од Гевгелија е нападната во својот дом на улицата „Ѓоко Тутушев“ од страна на маскирани лица кои сакале да ја ограбат.

Настанот се случил ноќеска во 1:30 часот кога разбојниците тропнале на вратата од домот на 74-годишната М.Г., а откако таа отворила ја совладале со спреј солзавец. Разбојниците, како што соопшти денеска полицијата, ја удирале со шлаканици по лицето и барале да им каже каде се наоѓаат парите и златните предмети. Откако старицата почнала да вика и да бара помош, крадците ја напуштиле куќата.

Поради проблеми со очите предизвикани од спрејот, старицата е пренесена во Општата болница во Гевгелија, каде и е укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол