Нападната скопјанка заради паркирање возило

Од:

Триесет и пет годишна скопјанка вчера била нападната од три лица на ул. „Антонио Грубишиќ“ во Скопје кои реагирале за местото каде таа го паркирала автомобилот.

Од полицијата информираат дека А.С.С. (35) во полициската станица Центар пријавила дека вчера околу 15:45 часот на ул. „Антонио Грубишиќ“ откако го зела малолетниот син од училиште тргнала кон нејзиното возило до кое стоеле две машки и едно женско лице. Трите лица веднаш почнале да ја навредуваат заради тоа што таму го паркирала возилото. Едно од лицата почнало да удира со тупаници по хаубата, потоа ја отворило вратата од возилото и со дланката ја удрило во пределот на главата, по што А.С.С. исплашена го стартувала возилото. Лицето почнало да удира по возилото, по што го искршило десниот ретровизор, а оштетената успеала да побегне.

СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски