Корисничка на услугите на домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово e нападната од две други кориснички, соопштиja денеска СВР Куманово.
-Вчера во 16:55 часот во СВР Куманово, од Ургентен центар Куманово било пријавено дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот за стари лица во Куманово. Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, престојувале во домот, соопшти полицијата.
Од Домот за стари лица потврдуваат дека се информирани за настанот и дека ќе чекаат на целосниот извештај од полицијата за да преземат конкретни мерки.
