Нападнат таксист во Струмица

Од:

На улица „Елка Јанкова“ во Струмица вчера во 11 часот и 20 минути три непознати машки лица извршиле разбојништво над такси возачот И.Н. (45) од Струмица.

Кога И.Н. со такси возилото ги донел на наведеното место, лицето кое седело на предното седиште му ги одзело парите кои биле под пепелникот напред во возилото, додека лицето кое седело позади со рака го фатило за вратот, по што И.Н. успеал да се ослободи, да ги земе парите и да излезе од возилото.

При повторен обид лицата да му ги одземат парите и телефонот, И.Н. почнал да бега и да вика, по што лицата побегнале. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата