Нападнат синот на Влатко Мијалков, натепаниот скопјанец му го демолираше возилото

Од:

Пресметката помеѓу Филип Мијалков, синот на Влатко Мијалков и 19-годишниот скопјанец продолжила и вчеравечер, дознава „А1он“. Тие повторно завршиле во полициска станица, а и овој пат, известен е и јавен обвинител.

Според пријавата во МВР, неколку лица, меѓу кои и претходно натепаниот скопјанец, го чекале Филип Мијалков и кога го забележале дека со возило се движи по улицата, почнале да му го кршат возилото.

„На 27.03.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје Ф.М. (20) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот, додека се движел по ул.’Роберт Кох’ со патничко возило ‘шкода’, со скопски регистарски ознаки, неколку лица, меѓу кои и И.С. и А.А., започнале да удираат со предмети по возилото. Посочените лица на 26.03.2021 учествувале во физичка пресметка во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по што биле повикани во полициска станица и за што е известен Jавен обвинител“, велат од МВР за „А1он“.

Тепачките меѓу двете групи започнаа во петокот, кога 19-годишниот скопјанец пријави во полиција дека бил нападнат пред и во угостителски објект од синовите на Сашо и Влатко Мијалкови, како и нивно друштво. Тој имаше повреди и беше пренесен во болница.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за да се расчисти случајот.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов