Нападнат полицаец во Ресен, во Тетово малолетник се обидел да прегази полициски службеник

Од:

Полицијата синоќа во 20.30 часот во Ресен ги лишила од слобода А.М.(42) и Ј.Р.(31), двајцата од Ресен, поради тоа што со тврд предмет нападнале полициски службеник.

Како што соопшти МВР, полицаецот во моментот не бил на работа, но претходно, при преземање на службени дејствија, ги затекнал пријавените како вршат кривично дело – нелегален транспорт на дрва.

Во вториот случај, вчера во Тетово малолетник се обидел да прегази полициски службеник.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 13 часот во тетовско Желино лишиле од слобода малолетник од село Копачиндол, Тетовско и малолетничка од село Добарце, Тетовско поради тоа што околу 12 часот во Тетово со патничко возило „БМВ“ кое го управувало малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат.

По целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци за лицата.

Би можело да ве интересира

Нападнаа момче со секира на бензинска пумпа

А1он

МВР: Уапсен е насилник кој нападнал, па му се заканувал на полицаец

Горан Наумовски

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Полицаец издавал службени тајни за планирани акции на УЈП, ДПИ и ДИТ

Полицаец од Зелениково заработи кривична – пијан пресече полна лента на патот и се закануваше на друг возач

А1он