Нападнат овчар во атарот на гостиварското село Страјане

Од:

Во Полициската станица во Гостивар вчера во 10.00 часот М.С (57) од гостиварското село Калиште, вработен како овчар кај Џ.И. од село Страјане, пријавил дека на 07.10.2016 година околу 12.00 часот, додека ги напасувал овците во атар на селото Страјане, две непознати лица извршиле разбојништво врз него.

Додека се ракувале со пријавителот, соопшти денеска МВР, едниот од нив го сопнал и го соборил на земја по што му ги врзале рацете со јаже и со закана со нож му побарале пари. Сторителите извршиле претрес над М.С. и од внатрешните џебови од палтото му одзеле паричник во кој имал еден клуч од стан, околу 150 евра во разни апоени и мобилен телефон. После тоа сторителите, така врзан, го однеле до шумата каде што едниот од нив го удрил неколку пати со тупаници во пределот на вратот и телото, а потоа го оставиле и си заминале. По кратко време М.С. успеал да ги одврзе рацете и се упатил во селото.

ПС ОН Гостивар презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он