Нападанат и ограбен таксист во село Усје

Од:

Таксист од Скопје е нападнат и ограбен ноќеска по полноќ во село Усје.

Како што соопшти МВР, Т.З (51) во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека ноќеска околу 1 часот и 30 минути на последната постојка на автобус бр.22 во село Усје, додека оставал патник со неговото такси возило, бил пресретнат од патничко возило од кое излегле три засега непознати машки лица. Без повод и причина влегле во неговото возило, почнале да го удираат со боксови по лицето и телото барајќи му пари, по што едното лице од џебот од јакната му одзел мобилен телефон марка „ЛГ“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава