Наместо за прослава во ресторани, општина Центар донира средства за заштита на жените од семејно насилство

Од:

„Наместо осмомартовско празнувања по ресторани, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, донесе одлука средствата да се донираат за заштита на жените од семејно насилство.

Финансиска поддршка за оваа цел ќе биде донирана на две невладини организации.

„Проблемите на жените во Македонија се големи и суштински. Сметам дека е потребна реална и конкретна поддршка за решавање на проблемите и унапредување на позицијата на жената во нашето општиество. Овој гест е токму тоа“, вели Жерновски.

Centar 1

Сепак симболично со рози, Жерновски и директорот на ЈП ПОЦ Саша Богдановиќ, им го честитаа празникот 8 – ми Март на жените во Центар.

Ова денеска е само симболично внимание, вели градоначалникот Жерновски, бидејќи жените заслужуваат внимание и почит сите денови во годината.

Богдановиќ им посака убави моменти не само овој ден, туку во сите 365 дена во годината.

Centar 3

Општина Центар на сите припаднички на понежниот пол им го честита Меѓународниот ден на жената“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар