Наместо скапи кампањи, едукација за сексуално образование

Од:

ХЕРА и ЕСЕ ја повикаа Владата да сопре со кампањи со кои преку континуирана промена на свеста се стигматизираат жените кои направиле абортус, се манипулира со правото на избор и абортусот се прогласува за убиство, а кои имаат најголем ефект врз најмладата популација.

Тие побраа државните средства вложени во ТВ кампањи да се насочат кон проверени мерки за редуцирање на бројот на абортуси, кои вообичаено се користат, како во светот, така и во националните стратегии и програми, како што се кампањи за едукација на младите, девојките и жените за контрацепција, пристап до контрацепција којашто е бесплатна или има намалени цени, како и да се зголемат средствата за Програмата за активна заштита на мајките и децата и да се воведе сеопфатно сексуално образование во училиштата.

ХЕРА и ЕСЕ денеска ги промовираa наодите од истражувањата „По четиригодишната кампања: ставови за абортусот помеѓу општата популација“ и гинеколозите во Македонија и „Да, за финансиските средства за унапредување на здравјето на жените. Не, за кампањи кои го дискриминираат“. Овие две истражувања, спроведени во текот на 2013 беа насочени кон опишување на влијателноста и на трошоците на владината медиумска кампања против абортус „Имаш право на избор. Избери живот“.

Според нив, 67 отсто од испитаниците сметаат дека жената треба самостојно да донесе одлука за абортус. 39 отсто од испитаниците ја осудуваат жената која направила абортус, а дополнително загрижува податокот дека жената ја осудуваат речиси половина од младите испитаници (45 отсто) на возраст од 15 до 24 години.

– Владината кампања „Имаш право на избор. Избери живот“ бележи гледаност кај 61 отсто од населението, а 63 отсто од тие што ја гледале се согласуваат со пораките кои ги испраќа. Дека не треба да се абортира е главна порака на кампањата идентификувана кај 28 отсто од одговорите на испитаниците. 76 отсто од гинеколозите кои биле дел од истражувањето сметаат дека абортусот е слободен избор на жената – велат истражувачите од ХЕРА и од ЕСЕ.

Според резултатите, постои високо ниво на информираност кај гинеколозите за новиот закон за прекинување на бременоста, а 71 отсто од нив сметаат дека со измените ќе се отежни пристапот до абортус.

Кај општата популација само 37 отсто од испитаниците се информирани за промените во законот, но половина од овие сметаат дека новите законски промени го намалуваат правото на жената за слободен избор.

– Иако не се добија бараните информации за потрошените средства од Влада на РМ, според податоците достапни во 2009 година, за оваа кампања на годишно ниво се трошат по најмалку 36 милиони денари. Средствата потрошени за истата кампања се за 16 милиони денари поголеми отколку што Владата одвојува за Програмата за рана детекција на малигни заболувања во однос на компонентите за рано откривање на карциномот на дојката и карциномот на грлото на матката. Една од главните цели на оваа Програма е намалување на морбидитетот и морталитетот од двата најчести карцинома кај женската популација – додаваат од ХЕРА и од ЕСЕ.

Би можело да ве интересира

„Хера“: За Ромките во државава се уште има предрасуди, отколку работните места

Ана Ололовска

Поддршка од 93 граѓански организации за приоретизирање на родовата рамноправност во основно образование

Ана Ололовска

Кампања за лицата со интелектуална попреченост на Специјалната олимпијада Македонија и ХЕРА

Ана Ололовска

ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени

Ана Ололовска

ВИДЕО: Родителите се согласуваат во училиштата да се предава сеопфатно сексуално образование

Ана Василевска

ХЕРА: Сексуалното образование да се изучува како изборен предмет во основните училишта

Ана Ололовска